ПРЕДАВАЧИ

Проф. д-р ГОРАН МИЛАНОВ
Вонреден професор, УКИМ Земјоделски институт, Скопје, Одделение за лозарство и винарство;
Искуство во земјата и во странство во обуки и истражувања во стручните области.


Проф. д-р КЛИМЕ БЕЛЕСКИ
Вонреден професор, УКИМ Земјоделски институт, Скопје, Одделение за лозарство и винарство;
Специјализација во ампеологија и генетика и селекција на вински лози;
Има објавено повеќе од 40 научни истражувачки трудови во домашни и странски институции.


PATRICE LALLEMAND
Енолог, Институт за виши студии по лозарство и винарство (IHEV) во Монтпеље;
СупАгро како супервизор на обуката, надлежен за меѓународниот развој на институтот;
Координатор на Еразмус Мундис, мастер програмата Винифера (Постдипломски студии по лозарство и вински науки) од 2010.

ПРЕДАВАЧИ И КООРДИНАТОРИ НА ПРОГРАМАТА:

АЛЕКСАНДАР ВУЧКОВСКИ
Сомелиер;
Консултант во област на маркетинг и комуникации во вински сектор.


Агр. инж. ЗЛАТКО ЕДЕЛИНСКИ
Консултант во агробизнис секторот;
Претседател на Здружението на сомелиери на РМ.


Вет. инж. СЛОБОДАН ЧОКРЕВСКИ
Консултант во сектор храна и вино;
Претседател на Слоу фуд конвивиум Скопје (Slow Food Convivium Skopje).

МОДУЛИ


МОДУЛ 1

Предавач: КЛИМЕ БЕЛЕСКИ
Предавање на теми избрани во врска со лозарството:

  • морфологија и физиологија на виновата лоза;
  • главни агротехнички и ампелотехнички мерки за производство на квалитетно грозје;
  • меѓународни и локални сорти на грозје;
  • агроеколошки услов; и
  • концепт на Terroir и географска заштита.

Предавач: PATRICE LALLEMAND
Предавање на теми избрани во врска со меѓународен концепт на Terroir, вински науки и глобален вински инжинеринг.

МОДУЛ 2

Предавач: ГОРАН МИЛАНОВ
Предавање на теми избрани во врска со технологијата за производство на вино:

  • основи на енологијата – хемиски состав на шира и предферментативни процеси;
  • процеси на производство на вина – алкохолна ферментација и производство на бело, црвено, розе и пенливо вино;
  • зреење на вината;
  • мани и недостатоци на виното;
  • сензорна анализа и евалуација;
  • финализација, складирање и чување на виното.

МОДУЛ 3

Предавач: АЛЕКСАНДАР ВУЧКОВСКИ
Предавање на теми избрани во врска со презентирање на вино, комуникација и маркетинг:

  • запознавање со македонскиот вински пазар;
  • запознавање со светскиот вински пазар;
  • комуникација, презентирање и промоција на карактеристиките и квалитетот на виното пред медиуми или клиенти за виното;
  • опрема, сервис и протокол за служење вино;
  • принципи на спарување на храната со виното;
  • одредување на цената на виното.

Предавач: ЗЛАТКО ЕДЕЛИНСКИ
Предавање на теми избрани во врскасо сомелиерство (професија на иднината) и опрема за служење на вино.

Предавач: СЛОБОДАН ЧОКРЕВСКИ
Предавање на теми избрани во врска со дегустација на вкусови на храната и виното и нивно спарување.

ЗА НАС

Камник тренинг центарот официјално почна да функционира од 1 јануари 2014 година, веднаш по исполнувањето на условите за работа т.е. по добивањето на две решенија и тоа:

  • Решение за верификација на посебна програма (програмата се вика ВИНСКИ СОВЕТНИК) издаденo од „Центар за образование на возрасни“ и
  • Решение за верификација на установата за образование на возрасни (тренинг центарот) за реализација на посебната програма, издаденo од Министерство за образование и наука.

Во моментот како програма Камник тренинг центарот официјално ја нуди и спроведува програмата Вински советник, но во блиска иднина во план се обуки и програми за:

  • Сомелиерство – професија на иднината;
  • Техники на дегустација и оценување на вино;
  • Технологија на производство на ракија и брендирање.

Дополнително на редовните обврски во правец на реализација на програмите, Камник тренинг центарот веќе почна да работи и реализира и други свои активности од типот: организација на разни видови на тренинзи (обуки), презентации, информативни сесии и друго поврзано со активности во винскиот сектор (пр. Тренинг за маркетинг на македонски вина поддржан од ЕБРД и ССКМ, винска тура за група на студенти од Франција, едукативни сесии со дегустација за домашни и странски гости итн.)

Камник тренинг центарот има во план да реализира и едукативни сесии за спарување на храна и вино за кандидати од HORECA секторот но и за луѓе од дипломатскиот кор. Исто така во план е и организација на студиски патувања за разни профили на кандидати (менаџери, енолози, ресторатери, љубители на вино и др.) во вински земји, со цел црпење на искуства во развој и подигнување на винската култура, винскиот/гастро туризам итн.

Нашата визија е спроведување на квалитетен процес на винска едукација со кој ќе се обезбеди сеопфатно познавање, стекнување со вештини, применување на соодветното знаење, наменето за претприемачи и професионалци кои ќе го потикнат градењето и развојот на капацитетите во винскиот сектор и ќе генерираат поголема вработеност во Р. Македонија.

Нашата мисија е да придонесеме во зацврстување на имиџот на македонските вина како врвни, и исто така, преку подршка на вино-културата да придонесеме кон развојот на винската индустриска гранка за подобар пласман и извоз на македонското вино, винскиот туризам, а со тоа и кон развојот на целата економија во Р. Македонија.

КОНТАКТ

Адреса:
Камник бб, 1000 Скопје, Македонија

Е-маил: trainingcenter@wine.com.mk;

Телефон:
+389 78 352 673; +389 (0)2 2521 786